насмевка (имн.) - додека (сврз.)

(Можеме да си ја замислиме зачуденоста во неговата насмевка додека ги запишувал овие редови).
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Очекувајќи ја, Јехуда мислеше на неа и времето во работа му минуваше неосетно, сè додека, стоејќи во прикрајок од неговиот дуќан да излезе понекој задоцнет муштерија, Алгра не се појавеше на вратата од неговиот дуќан и не му ја положеше главата на градите, симнувајќи му го кројачкото метро од вратот со едно долго повлекување.  Така од квечерина на квечерина Алега и Јехуда сè потешко се разделуваа.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Не гибајте во мојата привидна отсутност! е пораката што ти ја испраќа неговата рамнодушна насмевка додека поминува негде покрај тебе.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ја сакаше нејзината насмевка додека го послужуваше нешта што - кога ќе се погодев со нив, ќе спомнев онака отстрана - почнала самата да ги готви и кои тој искрено ги фалеше зашто тие за него имаа двојна сласт.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ако се случеше на пример да го прашаш кого го чека во овој ходник тој можеше да одговори дека може да го чека кого сака и дека тоа е негов личен проблем.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)