На Имотот останаа да живеат, под закрила на Началството на Потковицата и на луѓето кои живееја и работеа на Имотот, сираците на закланите Младена и Спасија Акиноски, шест машки деца и четири чупиња.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Кога се чу за тоа во Потковицата, Началството на Потковицата по заповед на Комитетот од Прилеп, плашејќи се за животите на преостанатите деца Младенови и Спасиини, двете веќе возрасни девојки, Марија и Акинија, ги омажи за свои луѓе од делот на Македонија под грчка окупација, во Солун, далеку од досегот на српските власти, а двете помалите, Софија и Нектена, ги испрати во Крушово, кај вујковците.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)