И самите си се тешат дека е поарно да сечеш борови  Отколку да имаш за јадење само борови шишарки  Со време и тие ќе почнат да јадат корнфлекс без шеќер  И од пулипапоци ќе станат страствени пулачи  На жени со долги нозе и големи цицки  Колку повеќе пулеа во такви жени  Толку повеќе забораваа во стар крај само недомаќини седат на туѓа софра  И никако не можеа да разберат зошто во стар крај  Сите сакаат Forster beer а тие тука сал туку пекаат по скопско и се е можно  Како што е можно понекогаш да се задоцни со спуштањето на гаќите  При празнењето на бешиката и на дебелото црево  Што во Македонија и во цел свет се смета за голем резил  Тадури и луѓето во американскиот Пентагон  За кои е познато дека не се потресуваат многу од физиолошки слабости
               
             
           
            
            
              „Сонот на коалата“
               од Ристо Лазаров 
              (2009)