И сите му тапосаа на кадијата и кајмакамот кој по десет, кој по дваесет лири; некои по педесет, меѓу кои и Јован за Толета.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Господе боже, си велам, сум чула дека некои по десет пати умираат, а татко само еднаш.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ја отворам вратата, а озгора по скалите, слушам тропање: тупу, тупу, нозе ќе искрши некој по басамаците.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
— Михајлоооо! — Ама, некој по тебе вика, му велам и станувам, одам кај што ми иде гласот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Бегам и само се обѕрнувам: душа немам да не иде некој по мене и пак да ми го земе детето.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)