нетрпение (имн.) - чека (гл.)

Лица загрижени, со нетрпение чекаат во длабока размисла.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И така, заклучи Камилски, откако ја исцрпи својата потрага во речниците и енциклопедиите, чини (ini) значи кинески, кинески порцелан, порцелан воопшто (шолји, чинии и сл.), додека денеска значи керамичка плочка (за обложување) фајанс, порцелан, од керамички плочки, поплочен, порцуланисан итн.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски го пронајде податокот, кој со нетрпение чекаше да му го пренесе на Татко, дека според бројот на кинеските експонати (10700), Топкапи Сарај се наоѓа на трето место во светот (по пекиншкиот и дрезденскиот музеј).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се наоѓам како погледот не можам да го одвојам од саатот на видео рекордерот, во нетрпение чекајќи бројките да го означат следниот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Планирав да забележувам по нешто секој саат.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Се растрчуваше низ ходникот, излегуваше надвор, со нетрпение чекаше да засветат фарови на возило на автопатот од кој, надолу, крај густата редица од тополи, околу обрастени со капини и шипје, се изделуваше тесен калдрмисан пат што водеше до мотелот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Беше како некој човек на кој му беше извршена голема операција и кој се освестил од етерот, а сè уште не чувствува никаква болка и не знае ништо освен дека проблемот е решен и дека со нетрпение чека да живее онаков живот каков што живеел пред да се разболи.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Потоа чичко Станојко и Бојан, испотени и задишани приседнаа под стреата од плевната, во сенка да си отпочинат, а Денко стоеше кај нив и со нетрпение чекаше да чуе објаснение за настанот чиј сведок беше.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Но, до септември имаше уште време.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Се разбира, јас сето ова го знаев од брат ми и со нетрпение чекав да проверам дали е баш така.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Во тоа време кога Бандо и жена му ги сонуваа овие соништа, војската крстосуваше низ селото: одеа на фронт, се враќаа, пренесуваа раненици, довлечуваа оружје; се слушаше далечно пукање на топови; луѓето се качуваа на планината, одеа со чунови по езерото да чујат што подобро, се будеа ноќе кога пукотите на топовите ќе се огласеа поблиску, и со нетрпение чекаа да се пробие веќе еднаш фронтот, да дојдат сојузничките војски од Грција, да им дојде крај на овие исчекувања и маки.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Другиот ден не ни паметам колку важна работа сум имала за да ја одложам средбата со мајка ми.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Со нетрпение чекав да се вратам, да ја видам.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Татко ми и Бреза веќе со нетрпение чекаа да чујат за што ќе зборувам.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Но, да продолжам. Со нетрпение чекав татко ми да се врати од работа.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
II Денеска со нетрпение чекавме да влеземе в училница. Радоста нѐ скокотка и сите како пчели брмчиме и врескаме.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Долго време и со нетрпение чекавме со извадени ножеви.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Трајче со нетрпение чекаше што ќе стане.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)