— Неоти ако не тегниш ќе ја остават агите главата?
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
„Ама ако ја извлечам покусата?“ Страшно го штрекна главата, а нозете почнаа да му се тресат.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Од напорното кашлање жилите на вратот му натекоа, а воспалената вена на ногата почна да го чеша.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
„Ритамот на тапанот од под нозете почнува да ти се качува нагоре и ти запира некаде во стомакот.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Нејзините нозе почнаа да се движат, а дневната соба ја исполни едноличниот звук на машината.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Дури кога нозете почнаа да го болат отиде и седна на дабов триножец во калуѓерската ќелија, со занес барајќи низ пукнатината на иконата лица и настани: го виде синиот Парамон, фатен во повити на шума со голијатски стебла на чии гранки клечат мешлести човечиња со кучешки муцки, и ја виде внуката со дете на цицка, незрело девојчиште а наскоро по вторпат мајка без маж, и го виде Марко Проказник, некогаш власт во Кукулино, потоа иселеник, и ги виде своите врсници со свеќа над глава.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Речиси веднаш ногата почна да му пулсира. Беше топла. Веќе е инфицирана, заклучи тој.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Избезумен, со раце, со глава, со нозе почнав да удирам по ѕидот на сопчето, притоа непрестајно изливајќи најтешки, најгрди зборови. - Гад! Подлец!
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Еразмо забележа дека гората раззеленува, мразот под нозете почна да попушта, се наsираше врвот на зеленото жито.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)