ногарка (имн.) - од (предл.)

Тој сфати дека гласовите доаѓаат одозгора во кулата и, погледнувајќи нагоре, над главата виде ногарки од дрвени клинови, греди, диреци и потпорници.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
„Зарем не би било убаво в недела да прошетаме онака како што правевме некогаш, со твојот свилен чадор за сонце и твојата долга облека што се влече по патот, да седнеме на оние столчиња со ногарки од извиено ковано железо во салонот и да уживаме во мирисот на бакалниците, таков каков што беше некогаш? Зошто бакалниците не мирисаат веќе така?
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Сѐ и сешто имаше на масичките во Гнездо: парчиња тули, фотографии, разгледници испишани со избледено мастило, пердуви од птици, ногарки од столчиња, навлаки за перници, парчиња од завеси, откинати џебови, копчиња, огледалца, камченца, изделкани парчиња дрво, врвки за чевли, ленти за шешири, пелени, монистра…, раце, нозе, трупови и глави од кукли, и по некоја цела кукла…
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
На некои масички предметите беа наредени со внимателност, понекогаш по строго определен ред, на други беа расфрлени, создавајќи хаос.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)