Вцрвенети облаци над планините. Полусветлина - распостелува шаренило, кое потемнува и потемнува, ја покрива ливадата, невидливо дотекува, се згустува, натежнува, ја обгрнува котлинката, во сивило ги втопува дрвјата и околината.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Баждар пушташе низ ноздрите чад, синкав и тромав како и облаците над нас.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)