Околу десет часот обрачот го раскинаа десетина сејмени и му направија пат на самиот кадија, кој, како другите, донесе една мала цепаница и ја фрли на врвот на камарата.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Впрочем, и не беше неоправдано
на потчинетите да им се обраќаме
со јазик што не го разбираат
јазик без ’рскавица
без срце, без папок
при секакви прилики
што ја земавме истата нула
истиот обрач
го растегавме како сува кора на стварноста
и додека пукаше, секогаш рапаво
се грозевме и едните и другите:
народот, од што беше чувствителен
ние, од што нè обземаше страв и
претерана волја да биде по наше.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)