Со други зборови, сопственикот на претпријатието се обиде, а најпрвин и „некако“ успеа во тоа, да го убеди судот дека Јакшиќ делувал самоиницијативно и без никаков налог да го отстранува дефектот, но и дополнително да го убеди дека на објектот немало надреден работник кој му ја делегирал таа задача!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Особено го повредува службеното постоунволско вјерују дека геј-мажите воопшто не се различни од никого друг, дека изборот на сексуалниот објект нема никаква врска со родовиот стил, дека геј-сексуалноста не е сврзана со женственоста и дека хомосексуалноста е сексуална ориентација, а не култура или поткултура.
Што, несомнено, е причината поради која мојот предмет предизвика толку многу противност кај многумина геј-мажи.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Преку својот адвокат (Т. Китановски и неговиот заменик В. Бубевски) кои му ја изготвија тужбата тој, преку суд, побара од нив солидарно да ги покријат трошоците за лекување и да му исплатат оштета за претрпена болка и психофизички повреди со трајни последици, која според наша проценка беше доста фер и праведно побарана сума од 3.400.000 МКД (55.735 ЕУР) – со оглед на претрпените физички и душевни болки поради нагрденост, како и со оглед на трајниот карактер на последиците и намалената животна и работна активност за во иднина, односно пропуштената заработувачка.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)