Црквата беше оградена, добитокот шеташе низ гробиштата, ги поганеше гробовите, ги уништуваше дрвцињата, цвеќињата. Дрвената ограда беше распадната, изгниена.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Таа ограда беше колку два лакти висока и на секоја талпа Петре имаше ископаничарено по еден голем крст и околу крстот едни како цвеќиња, сонца и месечини.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Кога војната заврши, и оградата беше готова; на неа направи голема двокрилна врата со резе и катинар, издишна олеснето и зафати, по тој голем напор, со денови да лежи под сенките и да се одмора.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)