Одѕивот од пукотот во долината стивна и пак се заслуша бучењето на реката која спокојно го продолжуваше својот пат.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Одѕив од никаде нема. Само од најблиските, да се живи и здрави тие.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Зајден сум некаде, а тоа некаде, не ми враќа ништо, нема одѕив од светот.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Во трлата почнаа да блеат малите јагненца, а старите да им одговараат со мајчин одѕив од пашата и да и го напуштаат булукот за да си ги подојат своите рожби.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)