- Ма, добро жено! - повика изненадено Никодин. Знаеш ли колку пари се тоа?
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
- Некои твои колеги сфатија дека парите се во Митко, и тоа не пари, туку марки и зелени хартии, - му довикна Спасе-Грав.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
„А од каде пари?“ строго праша директорот. „Парите се мои!“ дрско одговори Љупчо.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
И забележав како волшебно се менува бојата на гласот, тонот и што е тоа и не знам, ама кога ќе застанеа на ред пред дупката на стаклото и кога „шалтерката“ ќе подигнеше поглед кон нив, дали од тоа дека парите се на дофат од пензиската членарина, чекачот звучеше поинаку.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Сеедно, пари се пари, си мислеше Филип.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Гледаше како парите се топат, и офкаше како да беа негови. Јас фрлав на рулетот, играв.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Јас сум мераклија на нешто убаво како што е Илија, на љубов! (Пее): Парите се, парите се, Парите се отепувачка; Љубовта е, љубовта е, Љубовта е најмила!...
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Јас на пари не сум мераклија, туку на човекот да е убав, како што е Илија, и на љубовта која си ја имаме (пее): Парите се, парите се, Парите се отепувачка; Љубовта е, љубовта е, Љубовта е најмила!
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)