Вредноста на сликата всушност е подобрена, со интервенцијата на Бренер: таа доби нешто што ѝ недостигаше претходно.“
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Подоцна, бранителот изјави: „Бренер протестира против моќта на парите во уметноста и со право го прави тоа.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Татко ми од Мелбурн, додека беше уште жив, како што се бевме договориле, ми испрати една сума пари во бренчот на Сити банк во овој град (во нашите банки во тие години немавме доверба откога милионски суми на штедачите им пропаднаа) и јас, бидејќи веќе планирав да патувам во Измир, реков дека и така ќе поминам во Истанбул и ќе ги земам парите.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Тој весело ми ја завитка сликата и уште порадосно ги прибра парите во портмонето.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Бидејќи му одговараше сермијата, отсекаде му дадоа со извесна лихва и Стеван уште околу ужина го јавна коњот, со сакмите на него, парите во џебот и право отиде горе долот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Потпишете и, уште денес, ќе можете да ги добиете парите во благајната.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
МАРА: (итро). Ако не да му ги сокриеме и да речеме ти не си донесол таква работа — пари во куќава.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Набрзо наоѓа куфер, го празни од силната облека и почнува со најголема концентрација да ги брои и реди парите во него.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
-Добро - вели Фјодор и насмевката е повторно на неговото лице.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Така, биро. Свртете се и можеби со Божја помош ќе се најдат пари во мојата азна...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Дедо му го вадеше светнатиот кожен ѓуздан и му ги ставаше парите во миризливата дланка.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Чудно, но сите беа едногласни. Претежна вагата со платата на Рада, а тоа беше ново купче пари во џебот на Анѓа.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Велеше дека парите во староста можат да го продолжат животот.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Се преценија и џабе ги фркнаа парите во кафезите кај овие што на леген јавно се измиваат и ти се кезат во лице.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
По секое коцкање, за среќа тоа не го правеше често, се враќаше во својата париска мансарда исцрпен, скршен од каење, со последните пари во џебот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Овој претпостави дека Камилски ги чува парите во собата и претпочита таму да му ги предаде.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
14. ЗМИИ НАМЕСТО ПАРИ ВО ТОА НЕГОВО ЌЕСЕ - што ли, добога, ќе купува затрчан по светов со нив?
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
А веќе за со готови пари да купат ни збор не стануваше, бидејќи новите бегови им го затреа семето на парите во Мариово.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
И тргааа уште во четвртокот, за да пазарат во петокот без пазар, со парите во ќесињата.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Само што момата бојлер вклучи инспектор дојде струја да исклучи со ладна вода миеше коса мајка ѝ викна да не оди боса Плочките ладни реума влечат ѕидови пукнати треба да кречат татко без пари во возови на влеча а мајка ѝ 10 години во стечај
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Млекарчето го зеде тенџерето, ги кладе парите во џебот и ѝ измери едно кило.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Бошко го послуша. Ги стави парите во џебот од џамаданот.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
А со парите во вашите раце можат да се случуваат разни нешта, и убави и грди.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Но парите во ваши раце можат да ве изменат и да ве „расипат“, што се вели.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
На роденден или било кога, штом некој пари ѝ дава, Мира благодари топло и парите в касичка ги става.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Едо, пикајќи ги парите во џебот, рече: „Ќе влезам малку во гаражата.“ „По куферчето и палтото?“, рече Ратко кој пред да затвори го забележа и се исчудуваше зошто се тука тоа куферче и тоа палто оставени во гаражата.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Згора на тоа имав и триесет грама добиени од Битола од тој Целета и решив да одам да ја свршам таа работа, да ги ставам парите в џеб...“
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Еднаш, се сеќавам, кога имавме нешто пари во нас посака да седнеме на јадење во едно локално кафеанче. Седнавме и нарачавме.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)