парче (имн.) - платно (имн.)

Ги раскрили двете врати од задниот дел на карванот и почна да го товари багажникот неисчистен откако го беше купил како половен: ногалките од школската табла, топот платно, летвите за распнување на парчињата платно во различни формати, рачна пила, чекан за ковање прави и клешта за вадење криви клинци, полни кантички со нови бои, врзоп четки во сите должини и дебелини, пачка шпахли, самоделска палета од шперплоча во облик на енормно зрно грав, шише со терпентин и шише со растрворувач, а на крајот и куп крпи за бришење на маслосани раце и по некој мрсул солза.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тој брзо исече едно парче платно од шаторот што беше повеќе искинат во невремето, пронајде две убави, еднакво цврсти ластегарки, па од платното и од нив направи носилка.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Покрај градите држеше парче платно, сокривајќи го.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Неочекуваниот настан, со откривањето на ова изветвено тробојно парче платно во семејството, за Татко беше и добар повод да „расчисти” со Мајка за некои делови од „италијанското прашање” во кои беше вплетено семејството и чии последици би можеле, во текот на животот, да се одразат врз децата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)