Кога попладнето, последен пат излезе да го измери, снегот веќе не беше повисок од ременот на неговите панталони.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Цел ден прележа во ковчегот; а ноќе пак отиде кај семејството; таа втора посета, како што е познато, беше неуспешна: не стигна да се напие од крвта на Наташа.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Следниот пат излезе приквечер; сè уште беше ден; никој не обрати внимание на него и тој се сокри во близина на својата куќа, посматрајќи.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
- Какви змии - прашав? – Од каде овде змии?.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Всушност тоа беше моментот кога Иван дотрча и кога рече дека по се изгледа на патот излегле змиите.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Во тој краток разговор од под пат излезе селанец, сиот во пот утунат.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Последен пат излезе кога почнаа да паѓаат првите снежинки; излезе да им се порадува; ветрето играше со нив, ги витлаше низ воздухот продолжувајќи им го што подолго животот пред да паднат на земјата; му се лепеа на лицето, на очите престорувајќи се во солзи.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)