Бидејќи и Тодор беше како сите старавинци — сиромав и тој многу пати одеше кај Сивета главно: или за некоја пара, или да му го одработува интересот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Повеќе пати одев кај дежурните, сестрата и докторот, да дојдат и да видат што се случува. Како и секој ден ти донесов разни јадења, те молев да јадеш, но ти ме одби.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
„Следниот пат одиме во Буф. Сега јас сакам да видам што од моите корени останало таму.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
А заедно сме, оти по еден ист пат одиме. Без правда во срцето свое.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Така, Џемале, по различни патишта одиме, - го продолжи Глигор прекинатиот разговор.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
По патот одеа можеби пол час, а по тоа наеднаш скршнаа десно, низ пченките, право накај блатото што блескаше на сонцето среде поле.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Така беше кога прв пат одев на есенска прошетка во Сарај.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Си го ставил ранчето на седиштето и некој ти седнал врз него!“ пак се смее.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
А мене не ми е до смеа.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Ама тогаш бев прво одделение и прв пат одев на училиштен есенски излет. Тогаш немаше тетра - пакувања, ниту целофани, ниту најлон-ќеси.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Тужениот работодавач, иако ја прими тужбата, воопшто не прати одговор на истата во рокот кој му беше оставен и со ништо не го оспори побарувањето.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
За време на судската постапка беа одржани вкупно две рочишта: по првото т.н. подготвително рочиште, на коешто немаше претставник на тужениот работодавач кој беше уредно поканет, Х.Џ. по којзнае кој пат оди во деловните простории на „Охис“ и уште еднаш бара да му ги исплатат платите, а тој за возврат да ја повлече тужбата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)