КОЊОШТИП - Еден коњ цврцнал коњак и почнал да ака накај Штип. На пола пат сретнал една бубачка која се обидела да го штипне. „Шмркни и ти малку коњак, да не бидеш бесна“, ѝ рекол коњот на бубачката. Оваа одговорила: „Фала; јас сум коњоштип.“ „А сега ќе ми го покажеш патот кон Штип?“, прашал коњот. „Со задоволство“, рекол коњоштипот. „Сега сме ко жабата и шкорпијата!“, рекол коњот насветкан со коњак. „Ха, Ха, Ха!“ рекол коњоштипот.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Во еден миг тишината ја нарушија силни врескања, јас тргнав од каде што доаѓаа пискотниците, по патот сретнав една медицинска сестра, па ја прашав што се случува, а таа ми рече: „Почина човек“.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)