Не знаеше од каде доаѓа свилата, дека тоа е измет на бубачки, како пајажина, но попостојан и поубав оти е создаден во ситоста и мирот на сонот, а не во глад и трескава напнатост на јавето; дури ни колку долг и опасен пат треба да се прејде за да биде прегрната од фустанот што ќе ѝ ја разладува младата кожа.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Ама кога тргнавме онака од чешмата, каде што патот треба да свие и да фати по другата страна на ридот, гледаме- патот прекинат.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
„Е тоа. Ете како си знаел! Тој лек само контрабанда можеше да се најде и пак преку Војнета, ама и тој пат треба да одеше до Сврделот во Битола.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Не знам каде отидоа, ама голем пат треба да ги чекаше и си рекле кај ќе го влечкаме овој офтикавиот да ни ги сопина нозете и да ни умре некаде по пат кога ни сами не можеме да се носиме, си рекле и решиле од Дракчета наш да се ослободат.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Патот на смерноста и понизноста низок е, но кон висока Татковина води; и секој што сака до неа да стигне, по тој пат треба да оди, како Филозофот, нека му е слава вечна во станот небесен!
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Не знае поради што, ама никако да го прифати како нормално дете кое оваа есен за прв пат треба да појде на училиште, особено не може да прифати почесто да се гледааат со Пеличка, нејзиното срце слути само лошо, чувство што не сака да го сподели со Пелагија.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Содржината на пораката, по дипломатски пат требаше да се пренесе на соодветното место.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Ќе се покаже, како и со сите други нешта во нашиот живот, дека и овде без отстапки треба да му веруваме на човек кој денес е наш водач и којшто знае по кој пат треба да се тргне германската уметност ако сака да ја исполни својата голема задача, да биде весник на германскиот начин и суштество.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
„Овој пат треба да дојде порано.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Зигмунд првата половина од летата ги минуваше во Италија, Грција или на бања, втората половина од летата - во Виенските Шуми, каде имаше куќичка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Но, не ли е политичката трибина слободна?
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Писателите препуштете им ги на цензорите; одлично! се приближуваме.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Сте направиле, значи, премногу и премалку; патот треба да се продолжи.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Изразувањето е надворешен облик и, ако можам така да се изразам, телото мисли, но мислата не е сама.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Авторите ги предавате на судиите: но, мораат овие пред да осудат, да слушнат; она што од страв не било исповедано во книгата, неказнето е изречено во одбраната; она што било нејасно кажано во некој спис, така се повторува во илјада други.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Сте сториле, значи, премногу и премалку; патот треба да се продолжи.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)