Дури и оние што ја колнеа државата без причини или со причини само за нив разбирлив, оној вид луѓе што знаат дека ништо не ќе им се случи ако продрдорат малку и ако присоберат восхит од оние што се вовлечени во сите тајни, грдо се муртеа од можноста некој, овој пат нивен познаник, да си ја продаде за зелен долар душата.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Ваквите очајници не се спремни за големи игри, често пати нивната кариера завршува во морето на криминалот каде најчесто слугуваат како третокласни робови токму на оние идеи против кои во стартот на нивната мисија толку жестоко се бореле...
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)