Амајлијата ја нашле во едната ногавица на долгите гаќи што се врзуваат долу, на педа над петиците, потоа побрзале да го запрегнат добитокот, сега во двојни јареми што ги изделкале од лесновски стебла.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Има мигови во кои лудите се издвојуваат од својата не-реалност, и во таа кратка пауза во времето чувствуваат некоја повисока реалност, како некакво претчувство за крајната испреплетеност на судбините кои сочинуваат соѕвездија на Земјата, кои можат да се видат единствено од некоја далечна ѕвезда. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Ќе појдам, ќе му помогнам да го најде светото грутче во кожа. Гревота е да пека по патов.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Секогаш кога брат ми ќе си заминеше дома по кусите посети, јас легнував на креветот, го навлекував чаршафот над мене, држејќи го со прстите на педа над главата, и гледав во белото небо. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Не го спомнувам ни оној најпонижувачки дел од сонот во кој Бундев ми го стега вратот помеѓу палецот и рапавата дланка и ме држи поткренат како перце неколку педи над земјата.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)