пензија (имн.) - на (предл.)

Пензијата на дедо е мала и затоа можеби навечер најчесто јадат попара со јогурт, иако тврдат дека тоа е најлесна храна за стари луѓе како нив.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Оваа основа за добивање отказ беше воведена во Законот за работни односи исто така во јануари 2001 година, но набрзо беше укината од Уставниот суд. 4 Покрај неа, Уставниот суд ја укина и измената и дополнувањето на ЗПИО од јануари 2001 година, 5 вклучително и одредбата што се однесува на стекнувањето право на старосна пензија на лицата кои добиле отказ по оваа основа.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Имајќи предвид дека висината на сите три надоместоци е пониска од висината на платата, следствено, новото законско решение значи и намалување на висината на идната пензија на корисниците на овие надоместоци.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Би спомнале уште и дека со измената и дополнувањето од јануари 2001 година беше воведено и регулирано стекнувањето право на старосна пензија на лицата кои добиле отказ „по потребите на службата“.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
БОРИС: Со студиите не ти се брза? Си ја крцкаш пензијата на татко ти.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)