Нема ништо друго во оваа песна го нема ни твојот лик ниту глас, ни мисла те нема ни тебе, а ни мене, не нема нас...
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)
Додека се сквернавеше македонизмот во смрадот Скотје се изгради и 135-тата противвоздушна ракета во која главен забављач беше хоџата од Серези, кој у четири сабајле на 1000 ватни звучки со песна го будеше локалното населење.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Она што веќе го рековме, дека во „Две тишини“ никој ништо и никого не штеди и дека дури и потенцијалниот читател е наполно незаштитен од стихот, од поетот, но и од страдањето (на зборовите, буквите, вокалите,.. белинките) распламтено до усвит, во собата на вокалот Е продолжува да се пее до коска и подлабоко, дотаму до каде што критиката не може никогаш да втаса, а песната го развејува знамето на својата победа (или предавство, сеедно) и истекува во една од двете претстојни тишини, во онаа во која се испраќа и во онаа во која се заминува.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Овие песни го ловат својот СОЗДАВАЧ, а притоа му ја смалуваат можноста за интервенции, зашто она што ги прави да бидат единствни е нивната затвореност токму за дополнителни интервенции.
„Вечната бесконечната“
од Михаил Ренџов
(1996)
Песната го храбреше, му го зајакнуваше моралот со помислата дека не е сам, наскоро ќе пеат сите со него.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Нивниот приод е космички и доколку во моите песни го има космосот, тие ќе го чујат и ќе се одгласат. ...
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Се испијанија и кога ќе умреше некој, и умрениот со песни го испраќаа како да оди војник или во свет.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Четири години ја пеев „Народе македонски...” и четири години заради таа песна го пиев грчкото масло и серев по грчките жандармериски и полициски канцеларии и подруми.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Наместо со песна го поздрави со грозен кикот.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Песните го одрекоа она што го говореа Го искорнаа она што го мислеа Какво апсурдно однесување: Решиле да бидат слободни!
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)