Беше тоа еден простран, светол сон, во кој целиот негов живот како да се протегаше пред него, како пејзаж во летно попладне по дожд.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Пејзажот во кој гледаше се појавуваше толку често во неговите соништа што никогаш не беше сосем сигурен дали го видел некогаш во вистинскиот живот или не.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
А токму тоа, квалитетот на светлината (исполираната блескавост на дождовниот неонски град во Blade Runner, кртата и цврсто врамената чијароскуро во месечевите пејзажи во 2001, Кодакхромната бистрина на приградските тревници во Blue Velvet), игра главна улога во создавањето на диференциран визуелен свет.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Дека пределите во заднината, направени од сончеви ритчиња, обраснати со разлистани дрвја, со водата која тече и паѓа во слапови во малото езеро, потсетуваат, заобиколно но неодоливо, на оној славен Леонардов пејсаж во галеријата Uffizi на кој стои записот didi Sta Maria dell neve addi 5 d’aghossto 1473?
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Живописни пејсажи во природата, уметнички да се вгнездат во душата на минувачите, во хард дискот на човечкото битие за на век...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
2. Забрането веслање на суво Забрането суво во суводолица Забранет страв во пукотница Забранет пејзаж во поезија Забрането копање компири Забранет сомнеж во надежта Забранет вител во глуждот Забранет глужд во кабелот Забрането подгазување на газдарицата Забранет пикасо во кукуречани Забрането кукурикање во песочани Забранет одговор во дворот Забрането сонување на јавето Забрането јаве во несоница Забранета жед во жена Забранет страв во темница Забрането двоумење на делница Забранет црв во небесен корен Забрането гракање според “Неверморе!”
„Забранета книга“
од Веле Смилевски
(2011)
Времето минуваше. Залезот на сонцето го облече пејзажот во ново руво. Синевината и таа како да заоѓаше.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)