пејзаж (имн.) - од (предл.)

Залутав одамна љубопитна во овој грд пејсаж од железо цреп и бетон но сепак останав жива Сега сум малечка полјанка на туѓите убави надежи за кои го крадам неверна ветерот од реката Безброј патувања им нудам на очите и стапалките што паѓаат уморени на моите сиромашни откоси Но спомени имам и јас па свенувам штом ќе ми шепнат дека сум била шарено крило на убавината Шарено крило на младоста во коренот на плитките води што растат со жолтиот спомен во купишта од сено
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Седевме Кети и јас, еден крај друг на прозорецот од спалната соба на горниот кат од нивната викендичка на Попова Шапка и гледавме во чудните предели облеани со бела месечева светлина, кои ноќе, онака голи, без ниедно дрво, прилегаа на скаменет пејзаж од некоја далечна планета од научнофантастичните филмови.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Две срни во мракот непријателски настроени, во пејсаж од помешани илузии...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
II Ќе дојде тоа сончево клопче пролетта како што иде да свие сончесто гнездо во лисјето на нашите грижи а ние двајцата ќе сме два кротки два питоми рида во тој пејсаж од смев наполно наполно зближени Понекогаш ќе си тажна и уморно надвесена над таа лулка од страв зората додека заруди Ќе зрачи тиха светлина твојата приспивна песна барајќи крепка починка во моите очи будни Таа грижа по ноќите ќе ме грее и дење па колку беден ќе сакам мајко да ти речам оти може понекогаш помалку ќе си жена заради тој поток од сон што меѓу нас ќе тече.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)