Лествичникот, како животно пред борба, напнат во душата како мускул затегнат пред да испрати стрела во пленот свој, изглаголи: „Зарем ти, Филозофе, не рече дека порано, во дамнини дамнешни, луѓето со гласови, а не со зборови се разбирале, и поарно уште одошто денес, кога се служат со зборови?“ „Реков“, рече Филозофот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Ако си граматик или сказник, писател ако си, и ако ја напишеш првата реченица точно, тогаш си постапил како вешт ловец кој добро нанишанил пред да ја пушти својата оптегната стрела во пленот свој; ако не, безумие во сочинението настанува, и сите подоцна родени зборови, гласови и букви се залудни.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)