5. Избери си случајно, неколку автори, научи им ги имињата, замисли дека еден од нив те плени тебе со својата убавина како што Дон Кихот си замисли дека Дулчинеја го плени, а очи не ѝ виде.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
На тој начин, штом одбереш еден автор за свој љубимец, толку повеќе чест ќе имаш, особено ако тој е странски, напаѓај ги другите и зборувај само за него, припишувај му ги оние грешки, што тој ги нема, додавај му ги оние одлики, кои тој никогаш ниту ги имал: нема ништо попривлечно од глетката на двајца млади, како спорат за своите автори, кои не ги читале; мене честопати ми се случуваше да бидам сведок како епиграмите на Русо ги победуваа “Ноќите” на Јунг, а победата секогаш остануваше на страната на младиот човек чие грло е поздраво.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)