поглед (имн.) - бев (гл.)

Немав доволно буден дух за да завладеам со оригиналното сценарио.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Мислам дека тоа во технички поглед беше грешка, бидејќи поради тоа го напуштив чистиот филм.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
И навистина, не само што Хичкоковите американски филмови добиваа сѐ поширока публика, тие во секој поглед беа и полични и позрели, поосмислени и пооригинални, повешто направени и посериозни дела од сите оние што ги создаде во „зрелото доба”.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
И така не го добив Кери, а Кругер во секој поглед беше погрешно избрана личност.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Луѓето влегуваа во кино салата очекувајќи нешто, а тоа нешто не го добија.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Би можеле да се наоѓаме исто така и во некоја хотелска соба во Лондон, или било каде на друго место.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
На ова никој и не обрнуваше внимание затоа што сите погледи беа вперени кон лаптопоите и новите статуси на фејсбук.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Зјапаше со празен и вкочанет поглед што не гледа ништо, зашто неговиот поглед беше свртен кон самиот себе.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Нејзиниот поглед беше рамнодушен и сосема наивен, но Даниел во нејзините очи виде знаење и сожалување и сиот ентериер одеднаш стана жртва на неверство.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
И додека тој седеше во својот агол, во последната клупа, сите погледи беа вперени кон него.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Неговиот поглед беше изменет; сега во неговите очи гледав празнина и празнина гледаше во мене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Време е да си одиш,“ рече Рајнер, погледнувајќи во часовникот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тој сега имаше триесет и четири години, една повеќе отколку што имаше неговата мајка кога ја сретнавме едно понеделничко утро во беспризорниот кварт на Виена, и наликуваше на неа не во изгледот - таа тогаш, години пред тоа, му кажа дека го препозна затоа што личел на татко си – туку во начинот на кој старееше: беше проќелавен, забите му се ронеа, а коските му се искривуваа – прстите му беа чудно извиткани, и накривнуваше.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тој поглед не можев да го препознаам, тој поглед беше таков, туѓ и изменет, веќе некое време, но сега за првпат ја сфатив вистинската причина за промената.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Неговиот поглед беше многу спор за да го дофати барем кај една од нив тој миг.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тој поглед беше просто зачекнат, впиен во неговиот тил, а еднаш сосема јасно откри дека тука, на десетина чекори од него, веќе сноват и сите други издолжени прилики, на кои можеа да им бидат здогледани дури и нозете како пречекоруваат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Нејзиниот поглед беше закован за тилот на човекот кој за глава се извишуваше над другите.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Бившата ни татковина во овој поглед беше вистинска Оаза на изобилството.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Ема молчеше. Нејзиниот поглед беше полн со достоинство, пркос и омраза.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Нејзиниот поглед имаше продолжено траење и тоа само во дел од мигот по кој се враќаше назад со нешто одземено од мене како зрнце песок (скриена или заталкана мисла, спомен, копнеж, што ли?), а времето беше прекратко за тоа задоволство бидејќи веднаш потоа повторно го чувствував тој допир на погледот според ритамот на отворањето и затворањето на нејзините клепки (сфатив кога веќе станавме едно, дека таа знаеше да ме гледа и со затворени очи и ми велеше дека ме гледа не како што ме сака, туку ме гледа таков каков што сум, и дека таа таков ме сака) и сè така во продолжено траење, а јас бев сигурен дека ваквиот поглед беше упатен само кон мене и дека само за мене тој можеше да биде таков со нијанси на галовност во допирот кој во тој момент беше физички, или така ми се чинеше, кога веднаш потоа или можеби во тој ист миг ќе ја почувствував мекоста на нејзините ситни прсти во таинствена игра на моите слепоочници.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Сите погледи беа свртени кон госпоѓа Мариела која отиде зад катедрата, ја отвори фиоката и оттаму извлече папка со материјали.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Лево во погледот беше црквата со шесте гроба, а понатаму десно, онаа една единствена куќа на брегот, над самиот раб на езерото.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Еднаш, кога се обидував да објаснам како се случи тоа мое кумство, поточно да потсетам на некои поединости од таа ноќ, Катерина се однесуваше како да не знае ништо за овој настан а притоа нејзиниот поглед беше исполнет со непотребната спремност да ме придружува во лагата што божем ја смислувам.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Сем Ленгфорд целиот во бутови!...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Уште стотина други ѕвезди... боксерски се разбира!...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ама во некој поглед бев подобро.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Лушпите беа забележливи и по подот на следната просторија, салата со шалтери, иако мојот поглед беше насочен малку погоре.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Брзината е сосема пристојна, сѐ додека не ѝ заѕвони телефонот на бирото. – Ало? – се слуша нејзиниот необично гласен сопран.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)