На завртувањето погледот ѝ се сретна со очите од Крлета и само ги наведоа главите и продолжија напред, а Бојана позабрза и пред самата порта на Бисера ги стигна. Сите три фрлија поглед во дворот на Бисера и како нарачан го видоа поп Петка под лозницата — седи замислен, со некакви исчекувања.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Со почит му се поклони на пашата и му го даде прстенот. Овој со поглед ѝ заблагодари.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Само погледот ѝ се закова во војводата.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Важно е моето поведение. Затоа, со поглед ѝ давам знак, ѝ кажувам да не се грижи, дека не сум заборавил, дека веднаш по свечаноста пак ќе бидеме заедно.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Цара беше убава девојка, стројна, со јадра става, со складно тело, со раскошни бедра, со здраво, свежо лице, пламнато како тутенка. Погледот ѝ беше опчинувачки.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Ми се чинеше дека онака бледа, пеплосана, не ќе може да го стори тоа; но како што минуваа деновите, работата ја исполнуваше Луција и полека крвта ѝ се врати, образите ѝ се заруменија, погледот ѝ се избистри а модрите полумесечини под очите исчезнаа.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Погледот ѝ се промени, стана жив; го немаше веќе оној презир од пред малку, и таа рече: „Каква е таа точка?“
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Оти: си влегол, татко, во одајата со записот проклет, но очите не си можел да ги одвоиш од буквата Ж, буквата девојка, што зографот-краснописец ја нарисал да биде со очи питоми, со раце и нозе раширени, спремна да го познае мажот свој; Оти: си видел жена, сподобие страсно во писмо, клопче отровно, со очи гулабови; со коса како стадо кози, кога слегуваат од Галадската гора; со заби – стадо истрижени овци, кога излегуваат од капење; Оти: вратот ѝ е како кулата Давидова, изградена за оружје: на неа висат илјадници штитови – сѐ штитови на јунаци; градите ѝ се како близначиња од млада срна, кои пасат меѓу кринови; Оти: твојот страстен поглед ѝ дал топлина на буквата-девојка, и таа оживеала, и скокнала од писмото-клопче, па паднала пред твоите нозе и почнала да ти ги бакнува стапалата; Оти, ти рекла: дојди мил мој, да излеземе во полето, да преноќеваме по селата; утре рано ќе појдеме во лозјата, да видиме дали потерала лозата, дали се отвориле пупките, процутеле ли калинките; таму ќе те опсипам со милувања; Оти: иако си му се заветувал на Бога по раѓањето на твојот единствен (сега ја разбирам смислата на нагласката на овој збор во говорот на Лествичникот пред логотетот!), син Лествичникот, си ѝ рекол: „О, колку се убави нозете твои во сандали, ќерко знаменита!
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Се сврте налево за да се мирисне додека сите пишуваа, дури никој не можеше да ја види - и погледот ѝ се сретна со едно од девојчињата што стоеше надвор со Ирена.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
И само кога ќе ѝ ја споменев Сара, се насмевнуваше со насмевка каква што имаат оние кои се помириле со пустошот во кој се претворил нивниот живот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Погледот ѝ луташе некаде далеку, далеку зад ѕидот во кој гледаше, дури и кога ќе ѝ ја допрев раката и ќе ја прашав „Ме слушаш ли, Клара?,“ таа остануваше отсутна.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Погледот ѝ се заковуваше во една точка, како нешто невидливо, во правецот кон каде гледаа нејзините очи, да ѝ го голташе погледот, како да ја голташе и самата неа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Родителите се обидуваа да ја повикаат, но таа и натаму остануваше во онаа точка кон која гледаше и каде што исчезнуваше нејзиното Јас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Погледот ѝ го пресече единствената голема црвена пожарникарска кола која брзо се движеше кон паркот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Погледот ѝ се замрежува, душата ѝ се дели од снагата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Таа оди напред, а јас мислам дека цела земја оди по неа. Погледот ѝ паѓа пред врвот од чевлињата. Им прави место на чекорите, на стапалките.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)