поглед (имн.) - да (сврз.)

Селаните се размрдаа лево и десно и сите погледнаа во Доста Рожденката, која веќе ја криеше главата од погледите да не ѝ се насмеат уште тука, в очи, во првиот судбоносен момент.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Шишман стана по погледот да бара понатаму, а по него и Србин.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ретко кога работите се откриваат одеднаш со сите резултати и со сите последици, особено за луѓе како мене, кои не можат уште со првиот поглед да ги проценат сите поединости и да го совладаат сиот волумен.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Јасно беа забележливи и двете киски на ушите, и сиот склоп на телото од ѕверот, за да може уште на прв поглед да биде наполно сигурен со кого си има работа, и воопшто да не помисли да се спротивставува.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Аххх, така ми рече и мојот кутар татко пред да замине - Хана, барем погледите да ни се пресретнеа за последен пат...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Решена да одам напред по секоја цена На полна месечина Во последна мена На моето присуство му нема смена, знаеш и сам А долу под мостот валкана река тече без срам Упатувам поглед да проверам дали чека на нашата судбинска средба Мерам, премерувам, двапати мери Еднаш скокај Нашево некогаш немаше споредба Минаа годините кога заљубени мислевме дека овде е вечноста овде е рај По силата на гравитацијата понесена дознавам дека овде всушност е нашиот крај 2005
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Дине не прекина со работата, не се сврте ни напоречки поглед да му упати, ни проломоти под својот орловски нос.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Меѓутоа, на лаичката публика што не располагаше со такви сонди за да продре толку длабоко во историјата на уметноста, ѝ остануваше или со бегол па и презрив поглед да помине преку мачканиците на платната или да се препушти на начудувањето пред ѓаволското оро од богатство до експлозија на бои, во кои можеше да си замисли или препознае што сака: расцветан трн, изгниен чинар, скршена играчка, дел од човечки лик со око во уплав.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Си останале тоа два света: Водите и Градот Две спротивставености на дофат Две платна што никако во еден поглед да ги врамиш.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Напати играа и со нас, ги токмеа невешто своите чекори додека да ги дотокмат со нашите, а потоа наеднаш ќе се впуштеа во вијорот на својата игра што не можеше никој од нас дури ни со поглед да ја следи а камоли да и се придружи во чекорот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Сакаш да појдеш некаде, барем со погледот да појдеш до некаде. Да видиш што има, што нема.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Еден од мајсторите го зеде јагнето и го завлечка накај темелот: јагнето насетувајќи ја опасноста, почна да блее и да напиња со глава да ја скине врпцата, но мајсторот го зграпчи за половина, го крена и го однесе до темелникот; кога јагнето го виде ножот што го измолкна мајсторот зафати посилно да прета и пожално да блее, да моли за спас; но мајсторот, го притегна поцврсто да не прета и му ја стегна устата; јагнето сега почна со погледот да го моли мајсторот да го пушти, да го ослободи; но мајсторот му ја затегна главата нагоре за да му го зарие ножот; кога виде јагнето дека му нема спас, дека мајсторот нема срце, душа, го погледа со презир, со омраза и смигна да не го види сечилото од ножот што му беше допрено до кожата; првин сети студенило во грлото, налик на допир на мразулец, а потоа силна болка, губење на воздух, на здив, на свест, се стресе, спрета со нозете, за последно сапна, потоа се успокои, како да заспа.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)