В полноќ се над ним дрвјата од жалба силна свиваа - горските бистри езерца в силна светлина светеа.
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
На полноќ се слушаа ледени кристални гласови.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
А јас, лудо, сум сиромав: Сам легнувам, сам станувам; На полноќ се разбудувам — Мало моме побарувам!
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Кон полноќ се кренавме и избегавме в шума.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
МЛАДИ ВЉУБЕНИ во шарено одајче си вечерале... од полноќ се љубеле - призори си заспале... ***
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Повеќето од куќите не ги лснуваа своите ноќни очи, а и тие што трепкаа до кај полноќта се случуваше со денови само црниот здив од оџаците да го пуштаат во белата плева на небото.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Пред полноќ се решив да те побарам и да се стивнам.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Понекогаш, одеше така со часови и километри и дури околу полноќ се враќаше дома.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)