Кај казнивите дела против правосудството постои и делото „Поднесување лажни докази“ според кое тој што во постапка пред суд или во управна постапка ќе поднесе докази за кои знае дека се лажни, ќе се казни со затвор од една до три години.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Исто така, во групата на казниви дела против службената должност – постои и делото „Измама во службата“, според кое службено [или одговорно] лице кое, во вршење на службата, со намера за себе или за друг да прибави противправна имотна корист со поднесување лажни сметки или на друг начин ќе доведе во заблуда овластено лице да изврши незаконита исплата, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години (чл. 355, ст.1 од КЗ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Костадиновска против Спектар Спор за неисплатена плата и испратнина1 Veritas habenda est in iuratore, iustitia et iudicium in iudice. Поротникот треба да се држи до вистината, а судијата до правото и правдата!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)