последен (имн.) - лето (имн.)

Тоа лето 1930 година, последното лето во нејзиниот живот, мајка остана со мене во Виена.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Јас, тоа последно лето што го поминав во нашето село, бев на возраст од единаесет години, мојата сестра Ева тогаш имаше тринаесет години и нашиот брат Тома на возраст од петнаесет години.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Во текот на годините тој гордо присуствуваше барем на десетина вакви отворања додека угледот на Џоен полека но сигурно растеше до својето сегашно угодно ниво меѓу колекционерите во областа; ова секако ќе му биде последно, како што и многу други неодам­нешни настани нужно беа, што тој го сфаќаше или едновремено со нив или ретроспективно: неговото последно лето во нивната викендичка на островот Фенвик, последниот метеорски дожд, последниот сет тенис кога неговата сла­бост ескалираше, последната величествена октомвриска промена на бојата на лисјата во „нивната” долина, а сега, по сѐ изгледа, и неговата последна посета на овој убав град.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Во текот на последното лето, особено по онаа конференција околу примањето на југословенско државјанство, станавме блиски со Михали Банчотов јас и Тарзан.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Чувствуваше дека повеќе никогаш нема да ги види ниту бањите, ниту Виенските Шуми, и затоа во нашите разговори се сеќаваше на некогашните летувања, на она што се случувало тогаш и таму – збиднувањата со внуците, разговорите со Зигмунд, Роза, Марта и Мина, а потоа гласот одеднаш ѝ се менуваше, и само ќе речеше: „А ти во тие лета остануваше овде сама.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сепак, мислеше Френк сега, таа жена беше на добра трага, како што беше и книжевниот критичар Лајонел Трилинг кога зборуваше за „ужасот“ што се крие во поетската рустикалност на Роберт Фрост: ретроспективно барем, ‘Воде­ниот виор’ го отсликува последното лето на Полардови - златниот период на пријатна работа и игра, за коешто време Френковиот неоткриен тумор забрзано го населувал неговото тело.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)