Во таа смисла, делегација на Обединетиот одбор на Американците од југословенско потекло, на 13 март 1944 година го посетила градоначалникот на Њујорк, Ла Гвардија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Во првите месеци на 1944 година и Обединетиот одбор на Американците од југословенско потекло презел чекори во круговите на американските културни и политички личности за оддавање признание за учеството на НОВ и ПО на Југославија во борбата против силите на Оската.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)