Препушти ги деловите на твоето тело да се раздвојат, а во средната точка на мозокот достигнувајки нирвана која ги судира генеричните синапси, како енергијата што кинетички патува од јон до јон, образувајки празнини кои те исполнуваат.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Половата разлика ја потврдува празнината која стои помеѓу поимите за феминитет создадени од мажи и искуствата на жените.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Сега - некаква празнина која сама од себеси се возобновува и шири: Atopia, псалмичен хаос... ***
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Калкуланти, бедници, лицемери, кулоарски вошки што ги грицкаат театарските завеси, лешинари на празнината кои никогаш ништо друго и не правеле освен што го одржувале бесмислениот празен оган на големата празна празнина, на чие што дно ко во некоја инка/црна дупка, ко талог, трепериме и ги слушаме нивните мегафонски ступидарии.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Дошло момент повторно да се соединат за да ја надополнат празнината која создавала пукнатина во целоста.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)