предупредување (имн.) - дека (сврз.)

Стоеше таму со сламен шешир од 1920., подарен од некого... благите питачки зборови паѓаат по мрачната улица како мртви птици... (...) Постои само една работа за која писателот може да пишува: “За она што му е во сетилата во моментот на пишување...
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
” Цицам ужас од лузната прободена со игла, подводниот врисок на тапите нерви им праќа предупредување дека доаѓа времето на копнежот, печат угризите на беснилото...
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Вчера ја закопавме мајка ми и ги откопавме заедничките спомени: вареното млеко без кајмак и со многу шеќер, врелиот сутлијаш посолен со цимет, букетите црвени булки на првомајските излети, облогите на детското чело и гради кои го цицаа огнот, па предупредувањата дека во секоја вода има аждер пред да тргнеме на риба на реката или на капење во градскиот базен, нежните галежи кога од некого ќе добиевме завратница за спомен и долго сеќавање...
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Сѐ што беше потребно е да се замени првобитното ветување со предупредувањето дека можеби ќе биде потребно следувањето во текот на април да се намали.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Син му да дојдеше дома и да ја претепаше жена си, со предупредување дека ќе ја остави ако пак ја најде како се држи за рака со некој друг маж, тогаш тоа ќе беше нешто сосема друго.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Го ранија в грб, не в гради, зашто не беше свртен кон нив туку кон својот грев подаден пред него како пред мрачно предупредување дека е виновен.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Тој сепак пред нивни очи поцрнувал и додека ја заборавиле неговата последна молитва и предупредувањето дека на мажите од Кукулино им дошол крајот, ги извртел очите и се вкочанил.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Луѓето не му верувале. Се веднеле над него и го тешеле: кога ќе преспие, ќе биде поздрав и од мајски дрен.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но таа и покрај предупредувањата дека нема да ми пишува, не престануваше да ми одговара.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Тивкото гртење и покажување на забите беа првото предупредување дека Дончо треба да се тргне понастрана од Пела.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
А проблемов уште повеќе се усложнува кога и самиот ќе заклучиш дека однесувањето на службеникот е коректно и сите негови постапки се разумни па нема да те изненади дури и ако ти се обрати со предупредувањето дека немаш право да ја вознемируваш неговата присутност, тој овде се наоѓа на тешка и одоговорна задача!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не гибајте во мојата привидна отсутност! е пораката што ти ја испраќа неговата рамнодушна насмевка додека поминува негде покрај тебе.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Го ранија в грб, не в гради, зашто не беше свртен кон нив туку кон својот грев подаден пред него како мрачно предупредување дека е виновен.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)