примена (имн.) - од (предл.)

Татко, кога заминале за Италија, можел само да препостави, но не ѝ да поверува, далеку од тоа, дека делегацијата на албанските жени би можела да биде примена од грофот Чано, тогаш, впрочем, министер за надворешни работи, а не била исклучена ни средбата со Мусолини. – Нашата средба со грофот Чано може да биде опасна за семејството во сите времиња.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Песната беше неочекувано добро, дури восторжено, примена од критиците во литературната дружина, што инаку несомнено повеќе уживаа да срежат некоја жалосна творба на духот, да ја исмеат заедно со нејзиниот творец, отколку да ѝ признаат какво да е достоинство.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)