Времето на козите е дело кое успева да покаже дека има и друга реалност, како што истакнуваат Бодлер и Маларме, реалност од надрелистичка природа според Супо и Бретон, или реалност која може да биде и „магична” од видот што ја покажува Маркез во своите романи: книгата на Старова ги расветлува табуата, но тоа е и една нежна книга, неагресивна книга.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Под црногорицата луѓето се раѓаат тврдоглави и умираат такви, И не им останува друго туку или да научат да живеат заедно, во пријателство, или пред време, пред тоа да го стори природата според свои тајни закони, да отидат по ѓаволите, не еден по еден според предвиден ред туку сите наеднаш, Со еден крик од кој ќе се уриваат карпи, ќе пукаат глечери и ќе се отвораат зараснати вулкански рани.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)