Селаните истрчуваа, го гледаа прислужникот и се крстеа.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Бегот првпат го видов не кога отидов таму, зашто тогаш ме зедоа постарите прислужници и ме однесоа во помошните згради зад сарајот, туку подоцна еден ден кога јас се најдов близу до предниот двор на жолтата голема зграда со долги правоаголни прозорци и оттаму можев да го видам како се качува на еден дораст коњ, опкружен со слуги кои, кога коњот се препна под шибањето на мамузата, се тргнаа скраја.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
И со крајот на окото го следеше прислужникот и кога тој се поткреваше да си оди, се стркала во неговата дланка мала сребрена пара.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Глигор се радуваше како дете. Тој го истурка прислужникот и ја тресна вратата зад него.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Од кого ли научија тие прости, неуки, довчерашни овчари и говедари, измеќари и момоци, прислужници и подопашкари, та станаа народни судии и сурови мачители?
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)