Внатре таквиот систем, којшто секако е систем на институционална контрола, сепак се одвива комуникација, и уште повеќе, таа може и да функционира во нејзините рамки, а да не ја загуби својата препознатливост и традиционалната „бунтовност“.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Исто така, таа е парадоксална со оглед на медиската изложеност на глобалната поп- култура која, иако воспоставена поради својата „употребна вредност“ или, повеќе, „прометна вредност“, сепак функционира како дисплаѕ-роба со која сме маѓепсани и кога која било можност за поседување ни е вон дофат.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Меѓутоа, ако се погледне низ перспективата на една теориска ориентација која се труди да ја надмине хиерархијата на вкусот и приматот на „естетскиот поглед“, испаѓа дека дури и таквата продукција има значење, бидејќи ни зборува многу нешта за социо- економската состојба како и за колективното несвесно, коишто, инаку, тешко продираат во кодираниот и кодификуван јазик на „високата Уметност“.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)