Замолкнати гледаат пред себе. Вчудовиден сум од нивната нема и долга загледаност во просторот пред нив.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Сфатив дека со молкот и немата загледаност во просторот пред себе си го раскажуваа заеднички изминатиот пат – патот на големите мечти и надежи, патот на изгубената младост во тешките, нерамни и крвави битки, во долгите ноќни маршеви, во студените бункери и земјанки, во болниците и под небото на далечни земји; долг пат што сега е претворен во рој од спомени кои како мониста се нижат на свилен конец.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
На овој простор пред шеесет години имаше големо мочуриште обраснато со разновидни тревишта и трска, послано со гнилеж од алги кои на далеку ширеа реа.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Целиот простор пред камената карпа на кој сѐ уште се гледаат остатоци од ровови, расте бујна зелена трева и многу планинско цвеќе.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Тогаш видот стана сеќавање а сеќавањето вид, простор пред очи.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Фронтот како да беше поставен спроти свлетлината на хоризонтот; сега ќе треба да мине доста време додека војниците навикнат на темнината; тогаш ќе почнат да го распознаваат бришаниот простор пред себе и ќе го заборават хоризонтот од загледаност во заплашувачките поединости пред нив.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)