Но клучот од таа изложбена просторија го држеше исклучиво раководителот на градбата и во неа никого не пушташе, со исклучок на највисоките гости од престолнината, дури ни филмската екипа - освен ако режисерот љубоморно не ја чуваше како адут за крајот на својот фестивалски филм.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Се обидував да заспијам, не ми успеваше.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Кога вчеравечер влегов во дуќанот, со иштав да купам пиперки, иако малку подовенати, што беше ги донел Чане, газдата, ставени во гајба, исправена пред влезот, во полната просторија го слушнав зборот „арондација“, токму Владе им го објаснуваше. И уште „продажба на странци“, „процент“ и „пратеник“.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Остатокот од просторијата го голташе мракот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
И веднаш потоа целата просторија го фати ритамот на таа усвитена врвца на пилата, на нејзината судреност со дебелата сурова дрвена маса, понесувајќи го во него и последното зрнце пилотина, запнато за пајаџинките во горните ќошеви.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)