На пример, ако за противник го има најголемиот тапчо, кој со затворена дланка го прашува дали се пар или непар, нашето момче одговара ’непар’, и губи; но при вториот обид добива, бидејќи тогаш си вели ’тапчото држеше парен број првиот пат, а неговата лукавост досега дотаму што вториот пат ќе држи непар; затоа сега ќе кажам непар’. Кажува ’непар’ и добива.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Ако сега нашите противници го допуштаат образувањето на помали етнографски целини од поголема, како последица на историска неопходност, и ако тие досега гледале на Македонците како на Бугари, тогаш зошто сега тие не можат и не сакаат да го допуштат образувањето од таа голема етнографска целина што ја викале сите, па и тие, бугарски народ, две помалечки целини – бугарска и македонска?
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)