прошка (имн.) - и (сврз.)

СЛУГАТА: Не се подбивам. Јас заминувам… Дај ми прошка и ти давам прошка.
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Пресуди им праведно на душите што ти ги носам, спаси ги од изгубеноста во вечниот мрак и дај им прошка и утеха. Амин“.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Ја отворив душава и градиве, длабоко во нив сѐ уште имаше место за непредвидливите бранови на животот, креативно создавање, раѓање и умирање во хаосот и хармонијата на светот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Акварел Земаш вода, боја, четка ризик, многу ризик плус страст, вишок страст отаде доброто и злото еден нескротлив гест и зафаќаш со еден потег цел несогледлив амбис окно под свеста, под себеси го повлекуваш пругоре вовреното црево го вадиш од дното на сликата без право на дополнителен влог без шанса за поправен испит или прошка и го овоплотуваш змејот прекрасното чудовиште заумната фигура!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Оние што останаа Онаа што за првпат го бакна се разбуди од некој закрепнувачки длабок сон.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Пред златниот олтар клекнав на колена, се помолив, барав прошка и простив.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)