Започнаа со некоја балада, Александар ја имаше чуено неколку пати на радио и немаше некое посебно мислење за текстот, но овој пат, претпоставуваше поради пејачката, песната почна по малку и да му се допаѓа.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Сејач на тој страв не беше само полицијата, туку и селскиот кмет, даскалот, општинскиот службеник, судијата и судот, војската, црквата, радиото и весниците.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Ќе чујам тропање на чинии, подвикнување на деца, свирење на радио и мене ќе ми се собере срцето.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Со запечатувањето на радиото и телевизорот врви и запечатувањето на судбината.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Им ги запечатија радиото и телевизорот, оти не плаќале претплата. Не одбивале, туку не можеле.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Ноќта, очекувајќи го Цветана Горски од седницата на која се одлучуваше за судбината на јагулите и нивниот пат, го слушаше радиото и не им веруваше на ушите!
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)