рака (имн.) - ги (зам.)

Гостите се тргаат за да помине.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тој со крената рака ги поздравува.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Рацете ги носеше раширено и поткренато околу згоениот стомак и често ја пофаќаше токата на кафеавиот ремен, помрднувајќи ја нагоре-надолу в место.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Сето зацрвенето и зазбивтано, ова старче чиниш фрлаше искри од устата и, за сето време додека говореше, гестикулираше толку силно , што чиниш со рацете ги удираше оние против кои беа упатени неговите зборови.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Рацете ги допираат парите и корнетите, го допираат и сладоледот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во обредниот тек првосвештеникот неколкупати ги исповеда гревовите: најнапред за себе и за своето семејство со рацете положени на главата на едногодишен јунец кој подоцна ќе биде заколен како жртва кон Бога, потоа ги исповеда гревовите свои и на своите свештеници сторени кон светилиштето, Храмот над сите храмови, за што рацете ги положува на главата од јарец кој подоцна исто така го колат како крвна жртва кон Бога и на крајот ги исповеда гревовите на сиот народ со рацете на главата на уште еден јарец, кој натоварен со нив и наменет на злодухот Азазел, се пушта во пустината.  Потем пред очите му игра борбата на свештеникот Мататија и неговите синови, а посебно еден меѓу нив, Јуда Макаби и неговата победа над носителите на грчката духовна окупација.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Таков, тој изгледаше како некое смерно свештено лице што реди молитви за спасот на сите овие несреќни души и за умилостивување на оној што со мошна рака ги собрал овде на куп.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тој се придигаше со мака, нозете му се тресеа, а рацете ги свиваше над глава како за одбрана. Од носот и од забите му течеше крв.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ја претрчавме улицата и тревникот кон нашата зграда, се втурнавме во влезот и малку наврнати втасавме пред вратата.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Изговарајќи некакви волшебни зборови ја барав врвцата со клучот, отклучив и со широко движење на десната рака ги поканив другарите да влезат.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Посакав да се правам важен.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
А во раката ги стегнала парите и ги носи, како да носи нафора пред велигден...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Веќе следниот миг беше на нозе и со растреперени раце ги симнуваше од леглото постилките.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Нејзините раце ги зграпчија неговите рамена и нејзиното разлипано лице му се зари во вратот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тој нежно си ја повлече раката, што беше околу неа, и нејзините раце ги стави во своите.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
На вратата на трлото кое зедно со сите добиточни згради се најдува на западната страна на Имотот, то ест кое заедно со сите добиточни згради го сочинува западниот ѕид на Имотот и кое како што се тие поредени една до друга се најдува прво до Западната порта, со запалена вивка в раце ги пречекува Лазор Перуноски, Вели Шест се објагнија и ниту една засега немаме изјаловена и низ овците (дени стојат и ги дојат јагнината, други лежат свиткани набере обрачи и имајќи ги свиткани и вратовите муцките ги имаат положени на предните плешки, а очите, темномодри, им светат во темницата) и преку средината ги одведува на другиот крај на трлото.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А потоа му се обраќам на Даскалов: - Со двете раце ги држев дизгините, другар Даскалов.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Се случува, се случува – како да рече.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Неговото лице, дури поѓаволско во живо од фотограгијата во Nature, чудесно оживеа, а и неговиот глас и рацете.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тој тврдеше, се потсмевнуваше, се умилкуваше и шепотеше - зависно од неговото гледање или стојалиште - а рацете ги извртуваше како диригент.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Долгите раце ги држеше во џебовите и се потпираше на багремово стебло загледан во ретко посеаните капки по темното небесно кадифе.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Рече: - Ете, со овие раце ги симнував од камионите, ги пренесував и прегрнував, им ги менував завоите, ги носев по нужда, им ги миев лицата, ги хранев, им давав да пијат и ги галев кога јачеа од неиздржлива болка.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Со овие раце ги растоварував вашите ранети, би рекол нашите ранети.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Ано – велам и со широк замав на рацете ги поканив да влезат.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тие кои можеа да одат, на рака ги добиваа броевите на блоковите.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Матилда сѐ почесто го оставаше сам дома, кога одеше да купува лекови за Зигмунд, и да ги носи кај него, и раскажуваше дека, кога се враќала во станот, го наоѓала Хајнерле седнат на подот, со отворена шаховска табла, а во рацете ги поземал фигурите и разговарал со нив.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Рацете ги имаше склопено и притиснато на градите. Гледаше во ѕидот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во текот на еден преглед, докторите забележале дека се јавува нов израсток во усната шуплина на Зигмунд.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Дванаесетте Густави и јас стоевме покрај нејзиниот кревет.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тогаш сенките на нашите раце се поклопија, неговата и мојата рака ги испреплетоа прстите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Господин и госпоѓа Рихтер му беа благодарни на доктор Ауербах затоа што нивниот син сѐ почесто го одвојуваше погледот од празното, и понекогаш одговараше и на прашањата од другите, а не само од неговите родители.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
71. Во октомври-ноември 1902 год., како претседател на ТМОК и како член-основач на МНЛД во С.Петербург, К.П.Мисирков имаше повеќе средби и разговори со најистакнатите словенофили во руската престолнина и притоа од прва рака ги дознае нивните ставови и спрема руската балканска политика.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
- Кој вам ви рекол дека ќе се вратите без камења? прашал Доце Срменков.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Ние вам она по што сте дошле, вие... - Со крената рака ги триел врвовите на палецот и показалецот. - Разбирате?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
МЕТОДИ: (Влегува. Во рацете ги држи куршумите.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Проклета да бидеш што кога си ме родила по вода не си ме фрлила!... (заклучени рацете ги крши прстите).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
„Имал среќа“ се велеше и за некој кој за влакно ја одбегнал смртта, не затоа што бил добар човек кој вредело да поживее, не затоа што на време закочил, или затоа што не се колебал да повика пожарна, туку затоа што бил следен од тој невидлив дух кој му го покажувал патот, оној истиот кој ни става чадор во торбата кога почнува да врне, кој го отвора зеленото светло кога брзаме, кој прави на улица да се судриме со луѓето кои сакаме да ги видиме а да одбегнеме други, кој со нашата рака ги влече правилните животни потези, со еден збор, кој ни помага сѐ да биде како што треба.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Еден некогашен адвокат, кого клиентите почнале да го одбегнуваат заради неговата зависност, сега активен блогер под никот "Оmerta", донесе прекрасни извици, собрани по судските сали и ходници, на парови во бракоразводни парници и на корумпирани, ситни шалтерски работници, во моментот кога ги изнесуваат од полициското комбе и со врзани раце ги внесуваат во судот, снимани од локалните телевизии.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Нејзината високо крената рака ги запираше возилата кога поминуваше улица и го покриваше додека спие.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Во тие подадени раце ги забележа и своите, со една мала паричка кусур.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Јадрата рака ги граба мушичките и на дланката остануваат нивните смачкани тела.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Пакосна рака ги пресече проводите за светилен гас.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ако сака со чашка да се напои, со една рака ги држи мустаќите.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Со едната рака ги водат добичињата, со другата се бранат од сонцето. Си го покриваат тилот и темето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сите на рака ми умреа, велам, и сите со овие раце ги закопав.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Во рацете ги држевме плакатите „Крвта на Мао е крвта на Стендал” и „Смртта на Мао е смртта на Рокфелер”.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Често ќе започнеше малку подбивно: ги знае тој туѓите обличја, неговите раце ги држеле.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Го подигнаа за раце, му ги ширеа градите, рацете ги удираа од ребрата за да предизвикаат вештачко дишење. Ниту трепет.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
А Рене рече: гледајте, со моиве раце ги бев држел, стотици, можеби и илјадници парчиња; некои беа меки, некои тврди, а сите мошне течни; мажи, жени, гнили и полни со крв.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
- Ангелско билје да ве варди од сè нешто лошо... и да ви мириса - со трепетна рака ги прекрсти и ги целива. И си заминаа удолу...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
оние што споро одат, стапало пред стапало, како да го мерат патот, како да ги тера бавен механизам - бавни се во сè; во реакциите, во мислите, во рефлексите, во постапките, во зборувањето; понекогаш одат толку бавно што ти се чини дека двапати згазнуваат со иста нога: како да гмечат или набиваат нешто под нозете; рацете ги држат до телото или во џебови; не се пулат во часовник; ги сакаат оние луѓе што одат исто така бавно како нив; спрема одењето го одбираат и патот по кој ќе одат.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Мандолината на Геле заѕунува, ама не заврзува мелодија, како да испушта здив, жените развражаа зад Дине, предосети дека отворат усти за молебни зборови, само тој се завртува и со раширените раце ги забира дечињата и двете жени, со сиот товар врз нив, со бовчите и демите и се загубуваат во темницата.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Таа читаше со јасно лице, но како да се беше оддалечила во својата фотеља, така што нејзиниот глас престанува да се слуша, макар што усните се движат и раката ги свртува страниците.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Го слушам јас тој молк твој што коле, тие нежни раце твои што ме угушуваат в раце ги чувам и чинам тих некој призвук тивја в мене да ме успие на твојата снага на твоето голо тело.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
...раката подигната во мигот да го заштити лицето од ненадејниот блесок и додека сечивото на светлината се забива во неа низ сенката низ слабоста на погледот препознавам како утрото истечува од случајно превртената шоља за чај лизгајќи се по жолтеникавата мирисна патека долж која треперат ларвите на прекршениот бескрај... ...тогаш низ напукнатите ѕидови на воздухот што раката ги распорува на повратокот кон долу твоите заробени очи на презреана девојка безгласни а сепак меланхоничниот звук на флејтата очите твои нејаки оази на осамените ноќи сред сјајниот цут на светлото потиснат шепот на бледите траги по врелите јужни патишта...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Некоја чудна и цврста рака ги сврзуваше и ги правеше да бидат сложни.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Со раката ги ловам оние дождовни капки што ми се наменети мене.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Другите оставам слободно да паѓаат.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Можеби ќе го пронајдете во некој од џебовите, или негде во близина ", сериозно го посоветува службеното лице и дури стори движење со кое како да сакаше да почне со пребарување по неговите џебови, но Филип Д. навреме отстапи чекор- два, а за секој случај и рацете ги подаде пред себе јасно давајќи на знаење дека ја одбива таквата помош.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Рацете ги стиснав меѓу колениците. Потоа ги затворив очите.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Се склупчувам во грмушката, рацете ги преплетува со боцките да изгледаат како вистински гранки.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Парчиња од неговата одрана кожа беа прицврстени на масата, додека рацете ги преместуваа деловите на телото, како некој брз и љубопитен играч на шах што ги придвижува црвените фигури.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Го доведуваа до местото каде што беа гранатите, и додека стражарите се криеја во заслон, тој со копач или со раце ги откопуваше гранатите, им го одвртуваше фитилот и ги правеше безопасни.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Кај се сега оние раце нежни што книгана отворена ја милуваа Зад прозорот веќе тивко снежи и снегулки босоноги претрчуваат Кај се сега овие раце бледи толку книги во есента што затворија Зарем веќе над новите редои надвесени занесено се уморија Кај се кај се Јас ги чекам чекам над книгата напуштена да затреперат Но место нив сосем сосем леко по листојте зашумува само ветрот Рацете ги нема нема нежни Прашањето в грло ѕвони испокинато Одговорот надвор снежи Снегулките тажат по нив непрекинато.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Еден љубопитлив зрак се гушна со моите коси и ритамот на бледите раце ги изненади градите уморени.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Ги премолчуваме емоциите, но нема да можеме уште долго да ја потиснуваме горчливо слатката мешавина на жалење и каење.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
- „Што можеме да промениме?“ Со едната рака ги зграпчуваме своите спомени, а со другата ги пакуваме своите куфери.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
А и претходно имав пробано да се качувам на мостот, па видов дека на првите неколку скали беше лесно.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Стапалата ѝ се подвиткуваа пред и зад шипката на којашто стоеше, а рацете ги држеше испружени од страните за рамнотежа.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Стигнав некаде пред врвот, рацете ги држев испружени.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Понекогаш додаваа уште вода или земја ако ќофтињата случајно се распаднеа.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Долго потоа не можеше од глава да ја извади неговата нова сосетка.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Со голи раце ги притискаше крпите во теписонот, а потоа ги цедеше во кофата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Со рацете ги месеа дури не станеа цврсти и заоблени.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ема знаеше дека не се прави важна. Ама не знаеше дали смрди или не.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Слабите ноџиња ѝ се склопчија како ноџенца на мало пајаче, а рацете ги држеше пред лицето, обидувајќи се да си го покрие.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
И сега се сеќавам на нив, долги како стршлени, тенки на средина, небаре конец. Лазат една врз друга како да косат. Со двете раце ги удирам.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Во недостиг на директиви од Вашингтон, дипломатските претставници на своја рака ги следеле настаните на Балканот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Пред себе, до мевот, таа стегна скрстени дланки, наеднаш отстапи за чекор и рацете ги сокри зад половината.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во рацете ги држеше клучевите од автомбилот и си поигруваше со нив.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
На зелените ѕидови од небото ги барам капките на водениот поров Низ раце ги испуштив патиштата за студеното време на ембрионот Пена во сонцето се скри со заборавени стаклени стрели што не можев ни да ги чујам ни да ги видам Го горам мојот леб единствената разумна нишка како Јаписов син како дива мисла со листот и бестелесниот предел што знае да биде пуст и суров.
„Чекајќи го ангелот“ од Милчо Мисоски (1991)
Со левата рака ги бројам прозор-чињата на сандаците, а нивните повеќејазични натписи ме предупредуваат на казната во случај на губење на клучот.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Прстите од едната рака ги пушти да ја допираат по наборите од блузата, а другата ја стави на нејзиниот грб шетајќи од горе до долу, неколкупати, чувствувајќи ги кревките чаталчиња на нејзините ’рбетни пршлени.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Другарот Јован Граматниковски прво двете раце ги стави на градите прекрстени, се подвитка како да го боли стомакот и падна право пред себе.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Пелагија ѝ се обрати на Перса со молбен глас Мајко Персо, овие сандуци со свои раце ги направи Танаско и во нив чинам е сиот мој живот, голема молба имам да бидат во одајчето со нас покрај твојот убав старински мебел!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Туку ќе видиш некоја рака ги подотвора прстите, се мачи да се пресегне, да фати некого за коса.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тој којзнае каде, а јас неговите раце ги гледам да ми мавтаат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се договоривме и кога се вратија со полните кеси во раце ги збунивме сосема.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Рацете ги држеше во џебовите, од страв да не ја дофати праската, а се знаеше што ќе се случи ако ја фати.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)