рака (имн.) - ѝ (зам.)

Краста: Што? Не веруваш дека денес на мојот роденден можам да остварам многу свои желби и тоа баш со оваа ламба?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
(Со раката ѝ ја покажува вратата.) Тогаш ајде губи се од мојава соба!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
— Ѝ одговараше Толе, а таа верувајќи му дека и Светијован си имал посестримка, уште повеќе го стегаше со меките бели раце и го посипуваше со бакнежи и милувки. (Митра не работеше полски работи кај стариот Брлета та затоа рацете ѝ беа меки и бели).
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Раката ѝ затрепери. Ги набра веѓите. Ја чита стихотворбата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тој се наведна, со двете раце ѝ ја фати главата на Билјана и нежно, од длабината на срцето, ја бакна в чело.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Рацете ѝ беа бели и набожни.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
„Што правиш тоа?“, ме праша, очигледно изненадена од таа игра, од таа неочекувана и за неа непозната нежност после гризењето по целото тело; „Го барам папокот на вселената“, реков; и кога продолжив со таа игра со папокот, таа се смири; престана да ме удира, рацете ѝ тргнаа кон моето лице, ме повлече кон своето лице, кон устата, и веќе следниот миг, според начинот на којшто ме прими и се отвори јас знаев (тоа движење ми беше сосема непознато, како на маж кој не преспал со жена): тоа не беше онаа Луција што доскокна од вратилото во мојата прегратка.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но секогаш кога за ручек се враќаше дома рацете ѝ беа полни со ќеси.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Веќе беше доцна и во темната соба светеше само екранот на компјутерот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Сега забележа дека го исклучиле парното – рацете ѝ беа студени.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Главата ѝ е потпрена на нарамникот трески што ги носела и едната рака ѝ е поткрената кон челото.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Во миговите на почивка истите тие раце ѝ даруваа грст најразлични непознати, непробани вкусови.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Прегратката од моќни раце ѝ влеваше сигурност.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Откако го виде безгрижното лице на Томо на прсти излезе и со пиштолот во раце ѝ за’ржа на жена си.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Се присети, а потоа се штрекна. Се сети кога арачлиите од рацете ѝ го оттргнаа јарето и ги собраа козите. - Ќе ги изеле шумите. Будалски работи! - знаеше да изусти стариот Стојмен.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Грубите раце ѝ го допираа телото, ја браздеа како со гребло, за да на крајот се претвори во болка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
На Рада рацете ѝ затреперија, па мораше сликата со ликот вперен во нејзините очи да ја остави на масата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Со млако движење на раката ѝ ја покажувам секирата, дамките на дреновата дршка.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ја пофаќа да ја разбуди, но раката ѝ е студена мраз.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Со млако движење на раката ѝ ја покажувам секирата, дамките на дреновата дршка.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Кога му се доближи, тој забележа дека десната рака ѝ е во јамка закачена околу вратот, што не се забележуваше од далеку затоа што беше во иста боја како и нејзината униформа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Десната рака ѝ ја ставив меѓу нозете и дланката ми се наполни со вода која на волната, по капењето, можеше да се задржи најдолго.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ја галев по колената, потоа одев надолу до стапалата, со двете раце ѝ ги поткревав нозете и пак ги спуштав со такт на игра што одамна ја имавме научено.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Додека госпоѓа Мариела ѝ ја раскажуваше приказната за младата актерка во филмот “Ден повеќе”, Ема со левата рака ѝ ја стегаше десната на својата пријателка која лесно беше положена во нејзиниот скут, а својата десна рака во благо движење и ја спушташе на нејзиното лево рамо, гледајќи ја цело време в очи со пријателски чувства кои во мигот се вплотија во она што следуваше потоа: забите на Ема ѝ блеснаа и тој блесок имаше исто значење со она што се слушна од нејзината уста: “Ти си срце”.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Марија одвај се водржа да не се расплаче. Рацете ѝ трепереа од возбуда.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Дури таа вака си мечтаеше, раката ѝ врвеше по главчето горедолу, а наеднаш рачето на чупето го подигна гушалчето, ја пушти дојката и нежно, нежно го растегна малото устенце, гледајќи ја мајка си право во очи; пушти едно „гуу, гу, a? а?“ и почна да ја врти главата пак таму ваму: да ја лапне дојката.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Рацете ѝ работеа како машини, ама нејзиното мугаво лице, скаменето речиси од враќањето од болницата, станува како јагленосано.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Раката ѝ го наалува мешето, нежно се притиснува на него Бргу бргу ки дојде!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Нејзе секогаш рацете ѝ биле студени, не сакав да помислам дека тоа е резултат на сериозно нарушеното здравје.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
-Но во случајов или ти не сфаќаш што ти зборувам, или мене ми дошле на гости привидите - реков и со рацете ѝ го свртив лицето на Пеперутката кон оградата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И неочекувано откривам како во мојата замисла Виктор наеднаш ѝ приоѓа, како со еден зафат на раката ѝ го откинува десниот ракав, а потоа секавично неговата рака повторно се крева и сета десна половина од фустанот останува згмечена помеѓу неговите прсти.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Тетка ми срипа како попарена и небаре од воздух одеднаш во рацете ѝ се создаде крпа и средство за чистење, кое почна да го прска на шанкот и енергично да го трие.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Настана турканица додека сите петмина не си ги обувме чевлите и потоа не ги наредивме влечките во редица.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
На едната рака ѝ вели „тепам“, на другата „тепаш“. Како ќе излезе.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Рацете ѝ се лизгаат преку прасците: ѝ запираат околу глуждовите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во обид да се помрдне, од раце ѝ падна пушката и, не можејќи да додржи рамнотежа, падна врз неа.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Римелот во раката ѝ остана на половина пат до окото што имаше намера да го намачка.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Црпнав со лажичето и во тој момент помислив дека можеби е тоа од оние јадења што само вештерките умеат да ги подготват и со нив ги претвораат децата во камења, ама веднаш се сетив дека вештерки во вистинскиот живот не постојат и ми падна жал за старичката на која рацете ѝ се тресеа од старост.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Жената лежеше на грб, главата ѝ беше свртена на десно, а рацете ѝ беа положени на мевот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тој се наведна, со двете раце ѝ ја фати главата на Билјана и нежно, од длабината на срцето, ја бакна в чело.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)