Но нејзините очи сѐ уште бараа да најдат некој мал знак на расположение во изразот на неговото лице, кој беше јасен, а сепак ништо не изразуваше.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Овој незначителен случај беше брзо и лесно заборавен поради новогодишните расположенија во кои владее потрошувачкиот менталитет.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Кај неа се знае редот, а на ред брзо се научив, внимавајќи на многу работи што беа неопходни за да се одржи мирот и доброто расположение во куќата.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Се траќаш од едно расположение во спротивно.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Преку ден прозорците ги облепуваше со сонце за да внесе ведрина и расположение во собата.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
ШЕСНАЕСЕТГОДИШНА МОМА Е, сега јас наполнив шеснаест години; голема сум, убава, задоволна од самата себе, но не можам уште да се оттргнам од минатото, постојано ми е присутно, измешано со променливите расположенија во пубертетот.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Додека алкохолот ги разврзува јазлите и ги кине инхибициите создавајќи ексцитации и добро расположение во друштвото, и привидно подигајќи ја душевната и телесната снага на опиениот, опиумот омамува многу посилно и ги отстранува непријатните впечатоци, предизвикува еуфорија, која стреми да се проживее во осаменост, потиснувајќи го истакнувањето на личноста“ (Flury).
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)