Животот крај реката беше извесна утеха за изгубеното езеро, но селидбите секогаш беа неизвесни и проклети, нешто одземаа, друго донесуваа.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Овој прелет на чавките преку реката беше дел од пејзажот, кој понекогаш го толкувавме како довикување на несреќата.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Реката беше многу необична. Бистра, брза, со корито од големи бели камења, врз кои јас можев да стојам, да прескокнувам од еден на друг и да се наведнувам до водата.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Ти ќе се вратиш, Рајнер, му велев, реката беше само едно големо чистилиште, ме слушаш ли, Рајнер, тоа е само отпловување, и јас ќе те чекам на крајот од реката, Рајнер, ќе те чекам онаму каде што таа се влева во друго постоење, знам дека си тука, Рајнер, еве ја мојата рака, погледни ја мојата рака, Рајнер, сѐ ќе биде добро, верувај ми, кога ќе заврши твоето пловење, кога ќе излезеш од реката, ќе треба само да ја промениш облеката, ќе треба да облечеш нова облека, и се ќе биде добро, верувај ми, Рајнер, верувај ми, како што јас си верувам на себе, еве ја мојата рака, Рајнер, фати се за мојата рака, и јас ќе те извлечам, а потоа ќе тргнеме кон поинакво постоење.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
За разлика од осветлениот град, реката беше матна, надојдена.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
Ги кажував тие зборови во себе, со затворени очи, и ја испружував раката кон Рајнер, а раката ми удираше во ѕидот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
XLVIII Прв пат нашата куќа крај реката беше заклучена.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)