Седум часот. Челото на колоната ја претрча Шекарица, се спушти во широкиот трап, ја прегази рекичката и се втурна во полето на Лабаница.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Дончо не се ни завртува туку продолжува да мава со стапот лево и десно без да забележи дека патчето го има оддалечено од рекичката и дека го влечи речиси по средина на една бескрајна градина: лево домати, десно пиперки и гласот на Чана што го запира како висок плет Каде ти е Митра бре Дончо? и дури сега открива многу работнички околу мајка му.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)